Левица бара Пендаровски и Османи да го осудат кршењето на македонскиот клуб во Бугарија

Date:

Македонците во Бугарија повторно беа жртва на насилство, каде беше искршен новотворениот клуб од Благоевград – „Никола Вапцаров”!

Бараме веднаш претседателот Стево Пендаровски и министерот Бујар Османи да го осудат ваквиот насилен чин и да ги искористат сите форми на притисоци кон бугарските власти за да се откријат сторителите на ваквиот гнасен чин – исто како што експресно го осудија кршењето на фашистичкиот клуб во Охрид, се вели во партиското соопштение на партијата Левица.

„Бараме веднаш да му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во Скопје – Ангел Ангелов, по истиот реципроцитет како што официјална Софија ѝ врачи нота на македонската амбасадорка после кршењето на клубот во Охрид.Никакви Комисии, ниту Договори за добрососедства не можат да ги заштитат македонските национални интереси од великобугарската политика, која не е променета од времето на Тодор Живков! Од овие причини, Левица континуирано алармира дека единствено решение кое ги гарантира државните интереси од агресивната политика на Бугарија е укинување на Историската комисија.Македонците во Бугарија со децении се под системска репресија, закани, напади и тортура, при што органите на прогонот немаат санкционирано ниту еден насилникЗа разлика од бугарските клубови, кои ги глорифицираат најгнасните фашистички крвници, Македонците во Бугарија го слават делото на еден од најистакнатите антифашистички дејци и поети, Никола Вапцаров„, стои во партиското соопштение на Левица.

Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин побара пак од тамошната полиција да го истражи случајот со кршењето на стаклото на македонскиот клуб во Благоевград.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Арсими со победа го отвори третото ПМФЛ коло

Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната,...

Лејкерси по вторпат продадени за само 14 месеци 

НБА-лигата, но и навивачите на Лејкерс, сè уште се...

THE NEW CHURCH “ST. APOSTOL THOMAS” –PART I (19)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN God's...

Брза фритата со зеленчук

Искористете го зеленчукот што го имате во фрижидер и...