Лос Анџелес Лејкерс на свој терен беа подобри од Јута со 131:99, а натпреварот го одбележа Леброн Џејмс кој постигна 17 поени, но ја мина границата од 39.000 поени во кариерата која досега никој пред не ја поминал.
Кошаркарите на Атланта Хокс и Индијана Пејсерс го одиграа најефикасниот натпревар сезонава во НБА лигата со постигнати 309 поени. Во вистинска драма гостите славеа победа од 152:157.
Првите две четвртини им припаднаа на домашните кошаркари со 40:34 и 46:39, но клучната разлика Пејсерси ја направија во третиот дел кога издоминираа и го добија со 46:28. Ефикасна одново беше и последната четвртина која заврши со 38:38, а Атланта не успеа да ја анулира предноста на противникот.
Тре Јанг беше најефикасниот со 38 поени, одличен беше и Богдан Богдановиќ со 26 поени. Тајли Халибартон го предводеше победничкиот тим со 37 поени.
На останатите средби Фениск беше убедлив против Портланд, додека Орландо со 126-107 славеше над Торонто.