Лајпциг подобар, Реал во следна фаза

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Реал Мадрид со многу мака го помина Лајпциг, кралскиот клуб беше надигран, но на крајот успеа да избори четвртфинале, дуелот заврши 1-1, Манчестер Сити со уште еден триумф од 3-1 оди понатаму.
Елиф Елмас влезе на пет минути до крајот на натпреварот, но не успеа да му помогне на својот тим да победи на Бернабеу.
А, Лајпциг во текот на мечот имаше многу пропуштени шанси кои можеа да донесат поинаков исход на мечот. Германците можат да жалат.
Лајпциг напаѓаше, а Реал Мадрид по една контра во 65. минута поведе со 1-0. Белингем фантастично го проигра Винисиус кој даде гол за предност.
Три минути подоцна Орбан даде гол со глава за 1-1 и интересен финиш на натпреварот.
Германците до крајот се обидуваа да постигнат втор гол кој ќе го однесеше натпреварот во продолженија, но не успеаа. Во 92. минута Олмо имаше пречка, Реал Мадрид среќно го сочува резултатот и обезбеди место во следното коло.
Манчестер Сити со идентични 3-1 како во првиот дуел го совлада Копенхаген, сите четири погодоци беа постигнати во првото полувреме.
Сити тргна фуриозно, не поминаа ни десет минути, а веќе беше 2-0. Акањи погоди во 5. минута, четири минути подоцна и Алварез. Двата гола беа постигнати по корни.
Во 29. минута фудбалерите на Копенхаген изведоа фантастична акција која ја реализираше Елионуси за намалување на резултатот на 2-1.
Течеше третата минута од судиското продолжение во првото полувреме кога Халанд постигна гол за 3-1, тоа беше и конечниот резултат.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВЛАДЕЕЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР СО ПРОВИНЦИИТЕ ЛИДИЈА И КАРИJА (49)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Љутков: Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети

Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети...

Општина Центар нема да даде пари за црква во Берлин, советниците гласаа против предлогот

Советот на Општина Центар на денешната седница не го...

Чеченците водат голема офанзива: исчистени 10 села

Американскиот CNBC пренесува дека генерал-мајор Апти Алаудинов, командант на...