Баерн Минхен ја продолжи лошата форма, овојпат загуби на гостувањето кај Лацио со 1-0, ПСЖ во второто полувреме го сруши отпорот на Реал Сосиедад и победи со 2-0.
Баерн Минхен ќе треба да одигра многу подобро на Алијанц арената доколку сака да не ја заврши Лигата на шампионите уште во осминафиналето.
Вечерва клучниот момент на Олимпико беше во 67. минута кога Упамекано направи пенал и доби црвен картон. Имобиле ја реализираше најстрогата казна и погоди за водство од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Реал Сосиедад одигра одлично прво полувреме во Париз, но падна во вториот дел, тогаш ПСЖ се покажа во подобро светло и со два гола дојде до солидна предност за реваншот.
Резултатот го отвори Мбапе со гол во 58. минута, а на 2-0 зголеми Баркола во 71. минута од мечот.