Ламбе Алабаковски ја промовираше преработката на „Дејгиди луди млади години“

Date:

Македонскиот пејач Ламбе Алабаковски во кафулето „Минт“ ја промовираше преработката на „Дејгиди луди млади години“, народната песна која оригинално ја испеа легендарниот Александар Сариевски.

Поп-пејачот вели дека чекал 12 години да излезе оваа преработка на една од неговите омилени песни, која ја снимил уште пред да замине да живее во Америка, од каде што се врати пред две години.

„Песната е една од моите омилени и морам да признаам дека стоеше спакувана во фиока околу 12 години, некако ми требаше време и таа, но и јас да созреам. Ете некако сега мислам дека е вистинското време за да ѝ ја претставам на мојата публика, но и на сите оние кои ја сакаат македонската традиционална песна”, рече Ламбе на денешната промоција.

Тој откри дека токму со ова песна сакал да ја заврши својата успешна музичка година, но и да го најави сето она што ќе следува во годината пред нас.

Аранжманот за преработката на песната е на Дарко Димитров и Никола Мицевски. Димитар Андоновски беше задолжен за виолините, Нина Јанева ги пее придружните вокали, додека пак Никола Мицевски свири хармоника.

За песната беше снимен и видеоспот во Националниот парк Галичица и во Охрид, за кој беа задолжени „Зага продукција“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Австралија добива НБА шампион и деветкратен Ол-стар како засилување?

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина...

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир...

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен...

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС...