Лазањи со тортиљи

Date:

Кога ви треба идеја за брз ручек, запомнете го овој рецепт за лазањи со тортиљи, кој е готов за околу половина час.

Потребно:

  • 6 големи тортиљи

Сос со месо:

  • 1  кромид
  • 2 средни моркови
  • 450 г мелено мешано месо
  • 500 мл пире од домати
  • Сол, бибер, лук, чили (по вкус)

Бешамел сос:

  • 100 г путер
  • 2 лажици брашно
  • 500 мл млеко
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 100 г кашкавал за наросување

Подготовка: Испржете го ситно исечканиот кромид и ренданиот морков во малку масло додека не омекнат. Додадете го меленото месо и пржете додека не ја промени бојата. Потоа истурете го пирето од домати и зачинете по вкус. Оставете да крчка неколку минути додека сосот малку не се згусне. Растопете путер во посебен сад, додадете брашно и пржете кратко. Постепено додавајте го млекото постојано мешајќи за да добиете мазен сос. Зачинете со сол и гответе додека не се згусне. Во кружен сад/тава за печење ставете еден ред тортиљи, потоа филот од месо, па бешамел сосот. Повторете го процесот додека не ги искористите сите состојки, завршувајќи со слој бешамел. Покријте го садот со алуминиумска фолија и печете во претходно загреана рерна околу 15 минути. Отстранете ја фолијата, наросете со рендан кашкавал и вратете го во рерна уште 5 минути, додека кашкавалот не се стопи и не добие златна кора.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Оливија Вајлд: Врската со Хари Стајлс ми нанесе штета и на кариерата и на приватниот живот

Американската актерка и режисерка Оливија Вајлд изјави дека негативните реакции од...

Македонија доби две места во Европската лига, но уште ќе чекаме за директно место во Лигата на шампионите

Македонскиот клупски ракомет продолжува да бележи напредок, а најновите...

ФИФА го избра идеалниот тим на Светското првенство

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го објави идеалниот тим на...

Летаа покриви и откорнати делови, невреме го зафати Скопје

Превртени покриви, откинати делови и слични предмети летаа откако...