Лазања со тортиљи

Date:

Ако ги сакате класичните лазањи, но немате време да ги подготвите и редите тестата,  оваа верзија со тортиљи би можела да стане еден од вашите омилени рецепти.

Потребно:

  • 4 тортиљи
  • 500 г мешано мелено месо
  • 200 г рендан кашкавал (Гауда или друг по ваш избор)
  • 1/2 црвена пиперка
  • 1/2 зелена пиперка
  • 1 голем кромид
  • 300 мл доматно пире
  • 2 лажици масло
  • 1 лажичка суз мешан зачин
  • ½ лажичка мелен пипер
  • 1 лажичка сушен оригано, плус малку за посипување

Подготовка: Исечете го кромидот и двете пиперки на мали коцки. Изрендајте го кашкавалот на грубо ренде. Загрејте го маслото во голема тава и додадете го меленото месо. Пржете го околу 5 минути, мешајќи за да се иситни и рамномерно да порумени. Зачинете го месото со сув зачин, пиперка и оригано. Додадете го исечканиот кромид, промешајте кратко, потоа додадете ги црвените и зелените пиперки. Покријте и гответе околу 5 минути, мешајќи повремено. Истурете го доматно пире, добро промешајте и продолжете со готвењето уште 5 минути за да се соединат сите вкусови. Тргнете од оган. Обложете кружен плех за печење со хартија за печење. Ставете една тортиља на дното, намачкајте дел од филот од месо и наросете со малку од ренданиот кашкавал. Продолжете да редите тортиља – фил – кашкавал по ред додека не се потрошат сите состојки. Завршете со слој рендан кашкавал. Посипете уште малку оригано одозгора и печете во претходно загреана рерна на 180 до 185 °C околу 20 минути, или додека кашкавалот не се стопи и убаво не порумени. По печењето, оставете ја лазањата да отстои 5 до 10 минути за полесно да се сече. Извадете ја од садот, исечете ја на четвртини и послужете ја додека е сè уште топла. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кристијан Фабијани повеќе не е тренер на Вардар

По вчерашниот дебакл на дербито против Шкендија, во рамките...

УЕФА, АФК и КОНКАКАФ се здружија и испратија писмо до ФИФА: Фудбалот не припаѓа на едно лице!

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Азиската фудбалска конфедерација (АФК) и...

Запечен сутлијаш

Кога сакате побогат вкус, подгответе сутлијаш во рерна. Ќе...

A PART OF THE TRUTH OF ZUBOVCE, GOSTIVAR DISTRICT – PART II (15)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN The...