Лажна објава на интернет му го направи пекол животот на Џек Дуан

Date:

Австралискиот возач во Формула 1, Џек Дуан, побара да престане малтретирањето на неговото семејство откако лажна објава на социјалните мрежи погрешно му била припишана на неговиот татко. Таа објава предизвика бурни реакции.

„Ве молам престанете да ми го вознемирувате семејството. Не мислев дека ќе морам да дојдам до ова“, напиша 22-годишниот Дуан на својот Инстаграм профил, кој го следат половина милион корисници.

Дуан ја започна сезоната како возач на Алпин, но по шест трки на почетокот на мај, тој беше заменет од Аргентинецот, Франко Колапинто.

Дуан објасни дека бранот на сајбер-малтретирање дошол откако на неговиот татко, поранешниот светски шампион во мотоциклизам Мик Дуан, лажно му била припиша објава во која го исмејувал инцидентот на Колапинто за време на квалификациите за Големата награда на Емилија Ромања во Италија минатиот викенд.

„Неколку аргентински медиуми погрешно ја објавија таа монтирана слика“, додаде Дуан.

Тимот Алпин, исто така, во соопштение побара да се запре оваа кампања на вознемирување на интернет.

„Ги потсетуваме сите дека зад визирот на овие натчовечки спортисти стои личност, поединец со чувства, семејство, пријатели, најблиски“, се вели во соопштението на францускиот тим.

„Како тим, не можеме да толерираме онлајн насилство и ги повикуваме сите фанови на спортот што го сакаме да бидат љубезни и полни со почит“, се додава во соопштението.

Аргентинскиот возач ја заврши трката Имола на 16-то место, откако се изврте од патеката за време на квалификациите претходниот ден.

Следната трка во Формула 1 е овој викенд во Монако.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ѓорческа „тргна“ со победа во Германија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска постигна победа во првото...

„Битка на половите“: Кирјос најави спектакл со најдобрата светска тенисерка

Били Џин Кинг и Боби Ригс го одиграле последниот...

ПСЖ со лекција за Реал Мадрид до место во финалето на Светското клупско првенство 

Европскиот шампион ПСЖ го реши победникот во полуфиналето на...

СОЛУНСКИТЕ БРАЌА СВЕТИ КИРИЛ И СВЕТИ МЕТОДИЈ (21)

ДЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА...