Кога сте сити од тешки оброци, ладната салата од тестенини е идеален оброк што ќе ве освежи. Идеална комбинација на состојки со брза подготовка, идеална е и за деновите кога немате многу време за готвење. Сосот од таан му дава на овој рецепт посебен шмек, додека свежиот зеленчук го прави овој оброк здрав избор.
Потребно:
- 180 г оризови тестенини или шпагети
- 1 морков
- 1 краставица
- 1 млад кромид
- 2 лажици сусам
За сосот:
- 3 лажици таан
- Сок од еден лимон
- 1 лажица соја сос
- 1 лажица мед
- 1 лажичка чили
- 3 лажици вода

Подготовка: Подгответе ги тестенините според упатството на пакувањето и исплакнете ги со ладна вода. Исечете го морковот и краставицата на тенки ленти. Во сад, измешајте ги таанот, лимонот, соја сосот, медот, чилито и водата. Додадете ги тестенините и зеленчукот во садот и добро измешајте. Посипете со сусам и ситно исечкан млад кромид.





