Лавров: Фашисти ги предводат земјите кои отсекогаш ѝ припаѓале на Русија

Date:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и други високи функционери во Москва се обидуваат да го употребат колонијалното минато на Русија за да оправдаат идна можна агресија на членки на НАТО, се тврди во нова анализа на американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ). Земји од НАТО, особено оние кои граничат со Русија панично предупредуваат дека Москва во претстојните години би можела да го нападне западниот воен пакт.

Подолго време се шпекулира дека Кремљ можеби нема да почне отворена воена инвазија, туку ќе се користат тактики на хибридно војување – кибернетички напади, ширење дезинформации и напади на клучна инфраструктура, како подморски кабли. Можностите се бројни. Русија би можела да ја „тестира цврстината на НАТО сојузот“ и преку ограничени територијални упади, смета генерал-полковникот Јоаким фон Сандрарт, поранешен командант на мултинационалниот корпус Североисток во Полска.

Одбраната на НАТО се заснова на принципот на колективна одбрана од членот 5 од основачкиот договор, според кој напад на една членка претставува напад на сите.

Лавров за руски Комерсант кажа дека е „опасно кога фашисти управуваат со територии кои секогаш му припаѓале исклучиво на Руското Царство и Советскиот Сојуз“. Според ИСВ, таквите изјави покажуваат дека Кремљ независните земји кои некогаш биле под власта на Москва и понатаму ги смета за дел од Русија.

ИСВ потсетува дека Естонија, Летонија и Литванија, трите балтички земји на источниот раб на НАТО, како и Молдавија биле дел од поранешното Руско Царство и Советскиот Сојуз. Молдавија денес е во преговори за пристапување во Европската Унија. Финска, една од најновите членки на НАТО, исто така била под руска власт во 19 век. Значителен дел од Полска исто така некогаш бил дел од Русија.

Лавров во истото интервју за Комерсант повторно кажува дека „фашисти раководат со земји кои никогаш не припаѓале никому освен на Руското Царство и СССР“ и ги обвинува дека прават „одвратни нешта“. Балтикот и Полска предводат меѓу членките на НАТО кои трошат огромни пари за војските. Целта е да се зајакне сопствената одбрана и на тој начин да се одврати Москва од моќни напади, тврди ИСВ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...