ЛАВАТА ОД ЕРУПТИРАНИОТ ВУЛКАН НА ИСЛАНД ВЛЕЗЕ ВО ГРАДОТ ГРИНДАВИК И ЗАПАЛИ КУЌИ

Date:

Во исландскиот град Гриндавик се запалија куќи откако во близина се отворија две вулкански пукнатини. Ова уследи по ерупцијата на вулканот на полуостровот Рејкјанес вчераутро, по што лавата потече кон евакуираниот рибарски град.

Одбранбените линии изградени по ерупцијата во декември успеаја делумно да ја скротат лавата, но на некои места попуштија. Лавата го отсече и главниот пат што води кон градот.

„Се надеваме дека ситуацијата ќе се смири, но сѐ е можно“, кажа исландскиот премиер Гудни Јоханесон.

Силни земјотреси ѝ претходеа на декемвриската ерупција, по која околу вулканот беа изградени ѕидови за да се насочи стопената карпа подалеку од Гриндавик, дом на околу 4.000 луѓе. Исландската метеоролошка служба соопшти дека бариерите биле пробиени на некои места, поради што лавата стигнала до градот и биле запалени куќи и згради. Нема нарушувања во домашниот и меѓународниот сообраќај.

Луѓето кои се вратија во Гриндавик по првата ерупција повторно мораа да заминат.

„Тековната ерупција е исклучително опасна и штетна ситуација сега кога лавата навлезе во градот. Излевањето на лавата од двете сегашни пукнатини не покажува никаков знак на забавување и не може да се процени колку ќе трае“, изјави вулканологот Робин Ендрјуз.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Охрид со убедлива предност патува на гостувањето во Добој

Македонскиот претставник Охрид со убедлива предност ќе патува на...

Пињето Братен прв бразилски победник во Светскиот куп

Спектакл донесе првиот слалом во новата сезона, одржан во...

Најмалку 13 лица повредени за време на автомобилска трка во Австралија

На автомобиска трка во источниот дел на Австралија, во...

Бурата Клаудија усмрти три лица во Португалија, а предизвика поплави во Велика Британија

Три лица загинаа, а десетици се повредени во бурата...