Куќен притвор и одземање на пасошот на скопјанецот кој ја предизвика сообраќајната несреќа кај Блацe

Date:

За недозволеното претекнување во кое згаснаа три животи,обвинителството бара куќен притвор и одземање на пасошот на скопјанецот кој ја предизвика сообраќајната несреќа кај Блаце. 64-годинишниот скопјанец не ги почитувал сообраќајните знаци кои укажувале на работа на патот и претекнувал цела колона на автомобили. Претекнувал и се судрил со жртвите кои патувале од Косово. Возачот на марка возило БМВ излетал од лентата и завршил во водите на реката Лепенец.

„Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе дејствија, ќе сослуша сведоци и ќе нареди повеќе вештачења за целосно испитување на настанот и на причините заради кои дошло до контакт меѓу двата автомобили. Имајќи ја предвид возраста и здравствена состојба на осомничениот, но и потребата за негово обезбедување во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка на претпазливост – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова“, се вели во соопштението на јавното обвинителство.

По страотната сообраќајна несреќа којашто се случи пред четири дена на патот Скопје – граничен премин Блаце, а по неколкучасовна потрага беа пронајдени три безживотни тела и автомобилот кој беше извлечен од Лепенец. Со БМВ-то патувало четиричленото семејство Пацоли, а постариот син на возраст од 21 година успеал најверојатно преку прозорец да излезе од колата и да стигне до брегот при што веднаш беше хоспитализиран во градската општа болница 8-ми Септември во Скопје. Проблеми на спасувачите им правеше силното невреме и дождот кој ги наполни речните корита, а во надојдените води исчезна возилото со настраданите.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Силекс запиша планирани три бода, Шкендија Арачиново оствари историска победа во Кавадарци

Фудбалерите на Силекс стигнаа до втора победа во третото...

Феран Торес ја напушти Барса и потпиша за ПСЖ

Пари Сен Жермен објави дека ги обезбеди услугите на...

Тенкови поминаа низ Варшава, авиони летаа над градот, Полска го покажа новото оружје

Во услови на тековната руска инвазија на соседна Украина,...