Куршум од револверот на убиецот на Џон Ленон ќе биде ставен на аукција

Date:

Куршум, испукан од револверот што го уби музичарот Џон Ленон во 1980 година, ќе се најде на аукција во англискиот град Њукасл на Тајн и се очекува да достигне цена од 2.300 евра.

Аукциската куќа „Андерсон и Гарланд“ ќе го продаде во име на семејството на Брајан Тејлор, британски полицаец од Њукасл.

Имено, Тејлор бил застрелан при посета на њујоршката полиција во 1984 година, додека се возел во полициски автомобил. Во знак на извинување, тој бил однесен во полицискиот музеј, каде се чува револверот.

„Таму му било дозволено да испука куршум од оружјето што ја уби една од најобожуваните музички ѕвезди, Џон Ленон. Куршумот и чаурата му биле дадени на Тејлор како подарок. Тој ги закачил на ѕидот на неговата канцеларија, каде што останале до крајот на неговата кариера“, објави аукциската куќа на својата веб-страница.

Во рамката се наоѓа фотографија на Тејлор во униформа како држи оружје.

Семејството на Тејлор одлучи да го предаде предметот на другите обожаватели на пејачот на „Битлси“, соопшти аукциската куќа.

Убиецот на Ленон, Марк Дејвид Чепмен, кој сега има 68 години, отслужува доживотна затворска казна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...