КУД „Бисер“ Кичево на меѓународен фестивал во Турција

Date:

Културно-уметничкото друштво „Бисер“ од Кичево деновиве учествуваше на традиционалниот фестивал на ора и песни „Јалова-2023“ во Турција.

Покрај играорците на Бисер, на фестивалот зедоа учество и друштва од БиХ, Индонезија, Мексико, Грузија, Индија и земјата домаќин Турција.

Посетеноста на фестивалот беше исклучително голема, а дефилето на учесниците на фестивалот беше проследено со присуство на повеќе илјади жители од градот домаќин.

-За прв пат „Бисер“ Кичево настапи на Меѓународниот фолклорен фестивал „Јалова-2023“ во Турција. На фестивалот зедоа учество фолклорни ансамбли и групи од три континенти. Најпрво беше организирано дефиле и преставување на друштвата, а потоа следуваше натпревар и оценување на игри и носии. Покрај овие содржини вториот ден на беше презентирана и традиционалната храна и пијалаци.

Во трите дена уживавме во прекрасните изведби и заносниот колорит на носиите на учесниците од Турција, Македонија, Мексико, Грузија, БиХ, Индонезија и Индија, кои оставиле длабоки траги во светската културна ризница. И покрај беспрекорните изведби на останатите учесници на фестивалот, сепак „ Бисер“ завршната вечер ги собра аплаузите и со овации беше поздравен за орскиот сплет „Посеље“ – рече претседателот на друштвото Младен Ванчоски.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Оригинален рецепт за трилече

За потеклото на овој колач, чие име во превод...

Џесика Алба по разводот ужива во бикини

Холивудската убавица, актерката Џесика Алба неодамна стави точка на долгогодишниот...

Даниел Редклиф се појави со девојката

Даниел Редклиф ги почасти сите свои обожаватели со ретко...

Холивудскиот предатор повторно обвинет за сексуален напад

Во средата започнаа воведните изјави на повтореното судење на Харви...