Крушево по 19-ти пат се сеќава на Тоше – пречекани маратонците од Нова Градишка

Date:

Со црвени рози, со песните на Тоше и со спомени, денеска во Крушево, по 19-ти пат беа пречекани 14-те маратонци кои трчаа од Нова Градишка, Хрватска, до Крушево, на Гумење, до вечното почивалиште на Тоше, во негова чест и за незаборав.

Маратонците ги прегрнаа спомените за Тоше, но и винил албумот на Тоше Проески „Игри без граници“.

„Тргнавме, пред два дена, од Нова Градишка, од спомен-обележјето поставено за Тоше каде што тој загина во сообраќајната несреќа на 16 октомври 2007 година. Тргнавме од местото на тагата, од местото од каде хеликоптерот на АРМ пред 19 години го пренесе телото на Тоше Проески. По 19-ти пат го истрчавме патот до Гумење во Крушево, до вечното почивалиште на Тоше. Имавме делови напорни за трчање, ама бевме подготвени, но со пожртвуваноста истрчавме до целта. Сето тоа е за Тоше. Живи здрави го истрчавме 19-от ултрамаратон и на Гумење дојдовме да се поклониме пред вечното почивалиште на нашиот ангел-чувар,Тоше Проески. Нашата мисија е не кој колку ќе истрча, туку да стигнеме и да му помогнеме секому кому му треба помош, како што правеше Тоше“, изјави маратонецот Наум Капричевски.

Маратонците се поклонија на вечното почивалиште на Тоше, ја запалија и рачно изработената свеќа на отец Кирко Велински од црквата „Света Злата Мегленска“ од Загреб. Маратонците добија и винил плоча на албумот насловен „Без граници“ на Тоше Проески.

На гробот на Тоше беа и неговите поддржувачи и обожуватели од сите генерации. Хрватката, Стела Прислан Фујс 19 години е во Крушево за сите спомени за Тоше.

„19 години како да беа вчера. Тоа ќе биде засекогаш. Верувам дека Тоше е игра без граници, човек без граници, љубов без граници, енергија без граници и тоа нема крај“,  рече Стела Прислан Фујс.

Ученичката од Крушево, Јана Цветкоска, родена по Тоше, вели дека Тоше е во незаборав.

„Ние правиме паноа за Тоше, ги пишуваме и ги слушаме неговите стихови. Тоше вечно е во сеќавањата“, рече Јана.

Спомен куќата на Гумење, „Тодор Проески“ ги понуди на нов увид 380-те експонати, а уште толку се во депото.

„Овој ден не е за радување, туку за тага по Тоше. Загубивме голема личност, а 16 октомври е денот на бесконечноста на Тоше. Македонија загуби голем музичар и амбасадор. Денес, во спомен-куќата се присеќававме на животот на тоше, на неговите стихови и песни, ги пречекавме достојно маратонците. Ова е еден од најпосетуваните музеи кај нас од цел свет“, рече Зоран Николоски, директор на Спомен-домот „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево.

Крушевчани, традиционално, маратонците ги пречекаа со црвени рози.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Голема победа за Еурофарм Пелистер над Гумерсбах

Ракометарите на македонскиот претставник Е.Пелистер ја постигнаа првата победа...

Џеј Опетаја се откажа од борбата со Дионтеј Вајлдер

Џеј Опетаја нема да се соочи со Дионтеј Вајлдер...

Мелбурн и се извини на македонската заедница поради забраната на знамето од Кутлеш

Извинување доби македонската заедница од градските власти на австралискиот...