Кристијан Голубовиќ е еден од последните преживеани жестоки момци од деведесеттите години. Знае како е да се биде на слобода но  и во затвор, се знае со многу ликови од онаа страна на законот и затоа може да каже дали може и да се избега од затвор и зошто толку лесно криминалците доаѓаат до македонски пасош.

На прашањето што е денеска Кристијан Голубовиќ-реалити звезда, водител, родител, тој во ексклузивното интервју за „Република“ вели- од сѐ по малку.

Јавноста го памети како еден од учесниците во реалното шоу „Задруга“ каде беше еден од најплатените учесници и вели дека не е исклучено пак да се врати во ова шоу кое поради него имаше огромна гледност и беше еден од најплатените.

На прашањето дали животот како жесток момак е дефинитивно зад него тој вели дека тоа секогаш е на граница.

Секогаш постои можност за тоа да проработи стариот лав во вас и да го растргнете. Со тоа се борам во последно време бидејќи виртуалните мрежи донесоа некои нови дегенерици бидејќи старите ги прекршија кодексите и настрадаа.Овие новиве постојано повторуваат за мене криминалец на батерии, цинкарош.. Луѓето не се свесни дека лавот се раѓа како лав, го направиле лав и лавица, па има лав кој создава чопор и на крајот умира достоинствено како крал на џунглата.Ако сте хиена не смеете лавот никогаш да го чепкате.

Голубовиќ вели дека е невозможно да се избега од затвор без логистика од внатре и од надвор.

Тоа е тешко.Тој што сака да бега мора да најде прилика еднаш во неколку години за да излезе надвор или пак некоја ненормална случајност па да ја искористи. Секое бегство 98 проценти е организирано од надвор и од внатре до детали.

Голубовиќ објаснува и зошто толку криминалци со леснотија вадат македонски пасош.

Македонија отсекогаш беше добра во соработката и со политичарите и со криминалците и со политичарите затоа што беше на т.н „ружа на ветрови“. Низ Македонија од сите страни поминуваат големи банди-албански, бугарски, грчки, српски, црногорски,турски… Вие сте во епицентарот на случувањата, мала сте земја од која лесно се излегува и влегува, транзитна и кај вас овие луѓе не се задржуваат и сте отскочна даска. Имате развиено услуга за криминалците.

Кристијан го открива и „ценовникот“ колку чини македонски пасош за криминалци.

Ако зборуваме за оригинали цената е од 5 до 10 илјади евра а достигнуваат и до 25.000 евра-вели Голубовиќ за „Република“

Голубовиќ со радост зборува за Македонија и вели дека многу ја сака нашата земја.На прашњето што прво помислува кога некој ќе му спомене Македонија тој вели.

Прво помислувам на кумановските полиња каде се запознав со Мујо некогашниот командант на „Лавовите“ .Тогаш тој ми рече „Фала браќа Срби што дојдовте да го браните она што вие го браневте на Косово“. Тогаш му реков дека не дојдов да го бранам она што се брани на Косово туку да ги бранам македонските браќа и дека ние „волците“ дојдовме да ги браниме „лавовите“ да ја истераат правдата. Да знаевме дека не сте во право.Но, низ историјата се покажа дека Македонците се добри домаќини, добри луѓе, ја сакаат Србија.Мене ми е жал што Македонија се отцепи од Југославија, требаше да остане со нас и да бидеме посилни.Македонија има душа на кралот Александар кој го освои целиот свет.

Голубовиќ за „Република“ раскажува и некои анегдоти од бурниот живот, како тоа зошто скокнал од 17 метри на бетон и како го вадел Тома Здравковиќ од кафеана.

Да, скокнав од речиси 17 метри.Можам и да ви покажам од каде скокнав од судот на бетон. Тоа го направив кога бегав од судница бидејќи не сакав да чекам уште два месеци да се заврши судењето бидејќи бев лут затоа што сите други одлежаа робија и беа на слобода а само мене ме држеа до последен ден.

За Тома Здравковиќ вели дека бил боем, кој израснал по кафеани и домови.

Беше пејач кој имаше душа, често од нас позајмуваше пари па дури,да пее за џабе и да ни намести девојка и да поделиме и тага и радост. Јас имам чест со Тома да поминам убави три четири години по кафеаната и тоа е најголемиот спомен.

Голубовиќ проговори и каков им бил односот со Аркан и зошто тврди дека државата го убила бидејќи многу знаел.

Тој знаеше многу тајни.Му беше „коска во грло“ на Слободан Милошевиќ.Но, Аркан се однесуваше арогантно кон многу луѓе и кон моќни криминалци и едноставно спрегата меѓу криминалот и државата направи „дил“ Аркан да биде убиен.

Кристијан е убеден дека сегашната власт во Србија на чело со Вучиќ ќе успее да се справи со сите кланови и криминалци.

Сите овие кланови си ја работат својата работа, а државата својата.Можеби некои од нив и соработувале со власта но тоа се вика оперативна работа за да им влезат подлабоко.На ни еден мафијашки клан државата нема да му ја даде раката туку ќе ја исече.

За крај Голубовиќ раскажа и за една непријатна случка која ја имал во Македонија минато лето кога некогава сопруга била трудна.

Ме запре полиција. Иако видоа дека сум со жена и дека немаме ништо ме прашаа „имаш ли дрога“.Им кажав дека не се дрогирам оти ова никогаш не би ме прашал Мујо да беше жив. Прашајте ги ова Албанците кои ви ја носат дрогата во Македонија.Рекоа добро и си заминаа.