Суперлуксузниот и екстремно скапиот Бугати на Кристијано Роналдо пристигна во Доха.
На еден од најдобрите фудбалери во светот,Португалецот Кристијано Роналдо му е доставено новото „Bugatti Centodieci“, еден од најексклузивните автомобили во светот.
Мегапопуларниот Кристијано е голем љубител на суперавтомобили, а најновата „играчка“ му беше испорачана во Саудиска Арабија каде моментално настапува за Ал-Наср.
Најновиот модел на Bugatti, француска компанија која неодамна стана дел од „Bugatti Rimac“ во сопственост на Хрватот Мате Римац, вреди околу 9 милиони евра. На светот постојат само десет вакви автомобили Бугати.
Пред две години богатиот фудбалер се почасти со луксузно возило на четири тркала „Bugatti Centodieci“, за кое очигледно е исклучително приврзан, бидејќи со него вози и низ Саудиска Арабија.
Омилената машина на Роналдо до 100 км/ч достигнува за импресивни 2,4 секунди, а 200 км/ч за 6,1 секунда, додека максималната брзина му е дури 380 км/ч.Овој автомобил вреди 9 милиони евра.
Кристијано дефинитивно е страствен љубител на скапи автомобили. Славниот Португалец во својата гаража има неверојатни примероци на супер луксузни и скапи автомобили.
Притоа и најскапиот. „Centodieci“ не е единственото Bugatti што го поседува, тука е и „Bugatti Chiron“ вреден околу два милиони евра, но и ремек-делото „La Voiture Noire“ кое го плати за 16,5 милиони евра пред неколку години.