Португалската фудбалска суперѕвезда Кристијано Роналдо ќе плаќа 283.000 евра месечно за хотел во Саудиска Арабија додека не си најде сопствено сместување.

Роналдо се пресели во Саудиска Арабија со своето семејство откако таму потпиша со Ал Наср до 2025 година. Роналдо и неговото семејство престојуваат во хотелот „Four Seasons“ во Кралската кула, една од највисоките згради во земјата и ќе останат таму додека не најдат доволно добро и задоволително сместување.

Според „Mail Online“, Роналдо ги резервирал најдобрите апартмани во хотелот на еден месец, а само една ноќ во кралскиот апартман чини околу 3.700 евра. А бидејќи таму ќе остане најмалку еден месец, а ќе плати и неколку станови одеднаш, како и други услуги, цифрата наводно ќе изнесува наведените 283 илјади евра, а можеби и повеќе, пренесуваат светските медиуми.