„Криминалците еден ден ќе зажалат“: Мицкоски бил информиран за два типа закани кон пратеници

Date:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во разговор за„Дојче Веле“ вели дека постојат закани од власта кон дел од пратениците од Македонија, за да ги поддржат уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот.

„Има два типа на закани за кои сум информиран – едниот е директен, во смисла ќе ви се случи лошо вам и на вашите блиски ако поддржите избори, а вториот тип на закани е преку посредници на луѓе блиски до тие пратеници, нивни роднини и пријатели. Добро е што поголемиот дел се охрабрени и директно сведочат за таквиот однос. Јас сум убеден дека тие ќе останат доследни, бидејќи борбата за Македонија нема цена, а криминалците еден ден ќе зажалат за ова што го прават“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, „дел од пратениците кои се предмет на обработка, се во грч, но и разочарувања од таквиот приод”.

„Сѐ повеќе пратеници ја сфаќаат комплицираноста на состојбите и фактот дека изборите се единственото одржливо решение за излез од состојбите. Во таа насока, пропорционално на растењето на бројот на пратеници кои се охрабруваат да говорат за потребата за избори, се случуваат и брутални, и би рекол бандитски притисоци од страна на криминални и неформални групи во форма на заплашувања, како директна порака од раководствата на СДС и ДУИ. Тоа се припадници на истите оние групи, кои непречено во овие шест години градат бизнис империја и се заштитени од прогон и допир на правдата. Тоа се истите оние луѓе кои полутајно се поздравуваат, а дел и јавно се фотографираат со истите водства од власта на партиски и други политички настани, имаат дебели полоциски досиеја и сѐ уште се на слобода и покрај десетици случаи за работа со недозволени материи, рекети и изнуди”, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...