Криминалец од Македонија кој киднапирал бродосопственик и ограбувал грчки банки, уапсен по кражба на Пелопонез

Date:

Државјанин на Македонија, (45) кој издржувал затворска казна, но по добиената неколкудневна дозвола за излез пред три месеци, не се вратил во затвор, уапсен е во централниот дел на Пелопонез по извршена кражба во куќа заедно со уште едно лице – странец, на 46-годишна возраст. Како што соопштија од грчката полиција, двајцата, сега веќе уапсени странски државјани, вчера наутро насилно влегле во куќа во Општината Триполи на Пелопонез, под закана со оружје (реплика) и нож и со употреба на сила нападнале три лица, ги врзале, одзеле поголем износ на пари и накит, а потоа побегнале.

Станува збор за 45-годишен маж со богато криминално досие во Грција, а во грчките медиуми и во минатото се споменуваше, но и сега, дека учествувал во киднапирањето на бродосопственикот Периклис Панагопулос, во јануари 2009 година.

Едниот, веднаш бил уапсен, додека пак другиот успеал да побегне, но по организираната акција на полицијата бил пронајден во планинско подрачје.

Двајцата се товарат за учество во криминална организација, разбојништво, фалсификување, фалсификување потврди, за прекршување на законската регулатива за поседување оружје, додека пак 45-годишниот е обвинет и за бегство од затвор.

Уапсените се превезувале со изнајмен автомобил на кој му ставиле украдени регистарски таблици, а при претресот на возилото било откриено оружјето, како и фалсификувани лична карта и возачка дозвола изадени во Хрватска.

Кај двајцата биле пронајдени и украдените пари и накитот.

„Како што беше констатирано, уапсениот 45-годишен маж од 25 јануари 2024 година ги прекршил условите за дозволата за излез што му беше доделена од Управата за затворот“, соопштија од грчката полиција, а пренесе МИА од Атина.

Според информациите на дописничката на МИА, едниот уапсен е Албанец, а другиот, 45-годишниот е државјанин на Македонија, кој издржува затворска казна за кражби на банки во Грција, извршени пред повеќе од десет години, а неговото име се споменува и во киднапирањето на грчкиот бродосопственик пред 15 години.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВЛАДЕЕЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР СО ПРОВИНЦИИТЕ ЛИДИЈА И КАРИJА (49)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Љутков: Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети

Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети...

Општина Центар нема да даде пари за црква во Берлин, советниците гласаа против предлогот

Советот на Општина Центар на денешната седница не го...

Чеченците водат голема офанзива: исчистени 10 села

Американскиот CNBC пренесува дека генерал-мајор Апти Алаудинов, командант на...