Репрезентативецот на Данска, Микаел Хансен (35), кој важи за еден од најдобрите ракометари во историјата на овој спорт, се враќа на терените по повеќемесечната борбата со депресијата.
Станува збор за можеби најдобриот лев бек на сиоте времиња, кој на почетокот на февруари ја шокира јавноста дека се повлекува од ракометот на неодредено време, веднаш по освојувањето на светската титула со националниот тим. Како причини за ваквата одлука ги наведе стресот и депресијата, а не треба да заборавиме дека и во 2022 година му беше дијагностицирано и згрутчување на крвта.
Хансен наводно уште на почетокот на мај почнал со лесни тренинзи, а директорот на Алборг сега најави дека се очекува да биде подготвен за следната сезона.
„Микел влезе во целосниот тренажен процес и е дел од тимот. Полека влегува во форма и очекуваме наскоро да биде на максимум од своите можности“, изјави директорот Јан Ларсен.