Од Кривичниот суд апелираат, заради сензибилноста на настанот, разбирливиот јавниот интерес, но и пред истражната постапка која е се уште во тек, за сите официјални информации поврзани со случајот, медиумите да се обратат до надлежниот Јавен обвинител
Кривичниот суд Скопје определил притвор од 48 часа за три лица од осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и на П.Ж. од Велес.
Оттаму информираат дека трите лица биле спроведени рано утринава во судот, а судија на претходна постапка го прифатил предлогот на Обвинителството за притворот.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Оснвното јавно обвинителство, за определување мерка краткотраен притвор, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и П.Ж. од Велес, против три лица кои рано утрово беа спроведени во судот, донесе решнија со кои го прифати предлогот и на трите лица им определи мерка притвор од 48 часа, а заради постоење на основите од чл. 165 став 1 точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и страв дека ќе го повтори односно изврши ново кривично дело“, соопштија од Кривичниот суд.
Оттаму посочуваат и дека мерката краткотраен притвор, по предлог на надлежниот обвинител, може да се продолжи или замени со други мерки за обезбедување присуство.
„Заради сензибилноста на настанот, разбирливиот јавниот интерес, но и пред истражната постапка која е сеуште во тек, како Кривичен суд апелираме за сите официјални информации поврзани со случајот, медиумите да се обратат до надлежниот Јавен обвинител“, додаваат од Кривичниот суд.
Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО, Скопје, Гаврил Бубевски во зградата на Јавното обвинителство денеска во 9:30 часот ќе одржат прес-конференција, на која се очекува да соопштат детали за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која седум дена се водеше за исчезната.
Прес-конференцијата е закажана за 9:30 часот во просториите на Обвинителството.