Крем супа од печен лук

Date:

Оваа кремаста и ароматична супа од печен лук е вистинска утеха за непцето. Печениот лук добива благ, сладок вкус и совршено се спојува со компирот, празот и кремот, создавајќи богата и мазна супа – идеална како предјадење или лесен оброк.

Состојки:

  • 3 главици лук
  • 1 мала главица кромид
  • 1 праз (белиот дел, по желба, но дава одлична арома)
  • 2 компири (околу 300 грама, излупени)
  • 500 мл пилешки бујон (или вода + 1 коцка за супа од пилешко)
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/4 лажичка црн бибер
  • 1 лажица путер
  • 150 мл неутрална павлака
  • 3 лажици маслиново масло

Подготовка:
 
Со прсти отстранете ја надворешната лушпа од главиците лук, оставајќи еден тенок слој што ќе ги држи чешнињата заедно.
Отсечете околу 1 см од врвот на секоја главица, доволно за да се видат чешнињата.  Секоја главица ставете ја на посебно парче алуминиумска фолија, посолете и полејте со малку маслиново масло. Завиткајте и печете во загреана рерна на 200 °C, 40–60 минути, додека лукот целосно не омекне и добие златно-кафеава боја.
Извадете од рерна, оставете кратко да се излади и истиснете ги чешнињата од лушпата. Тргнете настрана.

Во тенџере загрејте малку маслиново масло и пропржете го ситно сечканиот кромид додека не застакли. Додадете го празот исечен на тркалца и пржете 2–3 минути.
Кога ќе замириса, додајте ги компирите исечени на коцки и кратко пропржете сè заедно.

Додадете го бујонот и посолете по вкус (или додајте вода и коцка за супа). Варете околу 15 минути. Потоа додајте го печениот лук и продолжете со варење додека компирите целосно не омекнат. Со рачен блендер изблендирајте ја супата додека не добиете мазна и кремаста текстура. Додадете го путерот, црниот бибер и павлаката за готвење. Мешајте на тивок оган додека супата повторно не зоврие. По потреба, разредете со уште малку бујон.

Послужете ја супата топла, по желба со потчечен или свеж леб.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

 На Мадона ѝ го украле вредниот костим од Коачела

Кралицата на поп-музиката, Мадона (67), остана без вреден винтиџ костим што...

Мараја Кери „удри“ по Рокенрол куќата на славните — „Дајте му го признанието на некој друг, не ми е грижа“

Музичката икона Мараја Кери покажа дека воопшто не е погодена од...

Ријана за првпат позираше со ќеркичката за насловна страница

Ријана се врати на насловната страница на списанието „Даблју“, овој...

ЅВЕЗДИТЕ НА „ЃАВОЛОТ НОСИ ПРАДА 2“ БЛЕСНАА НА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА ВО ЊУЈОРК

Речиси 20 години откако оригиналниот филм стана поп феномен,...