Кремаста тирамису торта, совршен десерт за секој ден

Date:

Спојот на какао, кафе и маскарпоне за многумина е вистинско совршенство. Ако и вам ви се допаѓа овој вкус, направете ја оваа лесна тирамису торта.

Мекото тесто и кремот од маскарпоне, дополнети со лесниот вкус на кафе и какао, имаат навистина неодолив вкус.

Тортата се подготвува многу лесно, а се јаде уште побрзо.

Како да ја подготвите?

Потребни состојки (тава за печење од 22cm):

За тестото:

  • 3 јајца
  • 120g шеќер
  • 30g какао
  • 170g брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 80g масло
  • 100g млеко
  • Малку ванила
  • Прстофат сол

Крем од маскарпоне:

  • 2 јајца
  • 250g маскарпоне
  • 50g шеќер
  • 25ml вода

За преливот:

  • 2 лажици нескафе или еспресо попарени со 150ml вода
  • Горчливо какао за наросување

Начин на подготовка:

  1. Изматете ги јајцата со шеќерот за да добиете убава пенеста смеса.
  2. Додадете ги масло и млеко, а потоа преку цедалка просејте ги брашното, какаото и прашокот за пециво.
  3. Изматете ги состојките со лажица, а кога ќе добиете мазна смеса, ставете ја во тавата и печете на 180 степени околу 20 минути.
  4. Почнете со подготовка на кремот.
  5. Најпрво направете сируп од шеќерот и водата – ставете ги во тенџере и кога ќе почнат да се прават меуерчиња, тргнете го сирупот на страна (да не се карамелизира).
  6. Одвојте ги белките од жолчките. Во длабок сад ставете ги белките и матете ги за да станат пенести, па тргнете ги на страна.
  7. Жолчките почнете да ги матите со миксер, па во нив полека ставете го сирупот од шеќер и вода кој веќе се оладил.
  8. Кога ќе добиете мазна смеса, ставете го маскарпонето и мешајте без престан, а потоа додадете ги и изматените белки.
  9. Испеченото тесто прелијте го со топло кафе, кое сте го направиле од 2 лажици нескафе или еспресо, прелиени со 150ml вода.
  10. Сега, во средината ставете го филот од маскарпоне и јајца, а најгоре наросете го со горчливо какао.
  11. Оставете го неколку часа во фрижидер, а потоа послужете го.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...