Кралицата Камила е хит по гримасите на Вимблдон

Date:

Кралицата Камила присуствуваше на натпреварот на Вимблдон, а вниманието го привлече со изразите на лицето кои ги уловија фотографите.

Камила се појави на Централниот терен на Вимблдон придружувана од нејзината сестра Анабел Елиот, а ова беше нејзино прво појавување во кралската ложа по крунисувањето.

За таа прилика таа облече мода фустан од Fiona Clare, кој го спои со чанта Bottega Veneta и очилата за сонце IZIPIZI.

Кралицата изгледаше доста заинтересирана за натпреварот, а додека Онс Жабур ѝ се спротивставуваше на Елена Рибакина во женското четвртфинале, изразите на нејзиното лице сугерираа дека таа е апсолутно воодушевена.

Од гадење до збунети изрази на лицето, гримасите кои таа ги правеше изгледаа толку урнебесно што почнаа да се споделуваат на социјалните мрежи, а британските медиуми дури ангажираа експерт за говор на телото да го анализира нејзиното однесување.

Да потсетиме, на еден од натпреварите на турнирот присуствуваше и уште една членка на кралското семејство – Кејт Мидлтон, која беше фотографирана во елегантна облека додека ја придружуваше Роџер Федерер.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...