За време на нејзиното рекордно 70-годишно владеење, саканата британска кралица Елизабета, која почина во септември 2022 година на 96-годишна возраст, водела приватен дневник за да ги запишува клучните настани во нејзиниот живот низ годините.
Таа ја негувала таа традиција до нејзините последни денови, пишува „Њујорк пост“.
Содржината на дневникот на кралицата Елизабета е откриена во новата кралска биографија. На 7 ноември, Роберт Хардман објави ажурирана верзија на неговата книга „Чарлс III: Новиот крал. Нов суд. Внатрешната приказна“. Таму открил што напишала Елизабет во дневникот на 6 септември 2022 година.
„Изгледа дека таа сè уште го пишувала дневникот во Балморал два дена пред нејзината смрт“, напиша Хардман. „Нејзиниот последен запис беше фактички и практичен како и секогаш“.
„Можеше да се опише уште еден нормален работен ден, почнувајќи на вообичаен начин, таа напишала – „Едвард дојде да ме види“.
Таа ги напиша само тие четири збора во својот дневник на 6 септември 2022 година.
Во таа белешка, таа мислела на Едвард Јанг, нејзиниот приватен секретар, кој ѝ помагал да ја подготви заклетвата на новоизбраните министри на тогашната британска премиерка Лиз Трус. Назначувањето на Трус на 6 септември ќе се покаже како последен јавен ангажман на кралицата по цел живот јавна служба.
Кралицата водела дневник за да има евиденција за настаните што се случиле за време на нејзините напорни работни денови и тоа ѝ помогнало да се сети што се случило точно тој ден.