Ако за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ партиските анкети се навистина пресудни за тоа кој ќе биде кандидат за шеф на државата, тогаш изборната битка повторно ќе се води помеѓу Стево Пендаровски кој би атакувал на втор мандат и пратеничката Гордана Силјановска Давкова, која по вторпат ќе се обиде да се всели во претседателската вила на Водно, пишува Слободен печат.

Кога станува збор за кандидати на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во конкуренција со Силјановска е и универзитетскиот професор Александар Спасеновски.

Анкетите, пак, во СДСМ покажуваат убедливо водство на Пендаровски, второрангирана, но неколку скалила подолу, е Радмила Шеќеринса, поранешна претседателка на партијата и ексминистерката за одбрана, додека актуелниот партиски потпретседател и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски како и актуелниот генерален секретар Миле Зечевиќ имаат речиси изедначена поддршка.