„КОЈ ЦАЦКО ГИ НАТЕРА ДА ПРАВАТ ТУРИЗАМ ВО БУГАРИЈА?“ И Јакимовски за случајот со знамето во Софија

Date:

За инцидентот со знамето во Бугарија, се огласи и градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

„Дупло голо

Наместо ќар испаднаа зијан, по рејтингот се разбира!

Ова го мислам на власта, а преку нив зијанот е и народен.

Кој Цацко ги натера да прават туризам во Бугарија, зарем не знаат со кого си имаат работа?

На Бугарите им се намести пенал и да им вратат во нивни стил за целата реторика што ја имаше ВМРО ДПМНЕ додека беа опозиција, а и за време на изборната кампања.

Има ли поголемо понижување да отидеш во посета како Претседател со претставници на Владата и да не го истакнат твоето државно знаме?

Жал ми е што морам да констатирам дека во овие 100 дена ВМРО ДПМНЕ се однесува како грогиран боксер.

Кога видоа дека го нема знамето и дека е направен гаф без преседан барем требаше да дадат некоја изјава со која ќе ги разгореа нивните страсти и наместо нашата во наредниве 20 дена да се занимава нивната јавност.

Преседател, Министер за надворешни и Министер за култура сите од истиот хор кој се викаше „РЕ-РЕ-РЕ-ПРЕГОВАРАЊЕ“, овој колосален изум не смееа ни да го изустат во Софија. Нормално тој не се употребува кај бугарската интелегенција, тој беше забава само за наши простаци.

Да резимираме: Знамето не ни го истакнаа, репреговарање не ни помислија да кажат ама затоа во целост ја разбараа операта!

Еве како за ништо се фрлени народни пари!

Отидоа на баци рака и тоа со пеење-оперско, а се вратија со прстот во уста!

Ова се нашите новопечени северџани!“, напиша тој на фејсбук.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија во силна група на ЕП, на мегдан со непобедливата Данска

Ракометната репрезентација на Македонија ги доби противниците за Европското...

НБА: Минесота го елиминираше Голден стејт за финале во Западната конференција

Кошаркарите на Минесота успеаја да победат дома против ослабените...

Атанас Петров со нов сингл „Манири“ – свежа енергија и модерен звук

Со децениска музичка посветеност и искрена љубов кон сцената,...

Блејк Лајвли, наводно, ѝ се заканувала на Тејлор Свифт за јавно да ја поддржи во судскиот спор

Блејк Лајвли, наводно, се заканувала дека ќе објави срамни...