Ликвидираниот македонски државјанин во Грција, Орхан Бајрами – Оки и е познат на македонската јавност како дел од мафијашкото подземје. Го сметаа за неформален лидер на т.н. групата „Дуќанџик“. Беше инволвиран во неколку вооружени инциденти, а познат е и за македонската полиција. Според неофицијални информации на грчките медиуми, убиството на Бајрами-Оки, било извршено од неколку лица, со пиштоли, од кои испукале дваесетина куршуми.
Пред неговото убиство, во март годинава, беше убиен негов близок пријател, Јетон Кривањева – Жила, во Старата скопска чаршија. Слично како и убиството на Оки, и во случајот на Жила, убиството беше извршено од неколку лица кои со автоматски пушки влегоа во кафуле и пукаа. Жила, исто како и Оки, важеше за еден од главните водичи на „Дуќанџик“.
ред 14 години, исто така во јули месец, беше убиен Агим Шерифи од Синѓелиќ, кој пак е вујкото на сега ликвидираниот Орхан Бајрами – Оки. Шерифи беше фрлен во депонија. Роднинската врска меѓу нив двајца е преку сестрата на Шерифи, чиј внук е Оки.
Групата чиј неформален водич беше Орхан Бајрами – Оки, се поврзуваше и со пукањето во хотелот „Александар Палас“. Додека членови на „Дуќанџик“ седеа внатре, непознати напаѓачи пукаа кон хотелот.
Кој е ликвидираниот Оки во Грција: Познат како предводник на мафијашка група, вмешан во неколку престрелки
Date: