Која е пораката што Мајли Сајрус ја испраќа преку мега хитот Flowers

Date:

Откако Мајли Сајрус ја претстави првата песна од својот нов албум, Endless Summer Vacation, социјалните мрежи не стивнуваат за тоа дека Flowers е посветена токму на нејзниот поранешен сопруг Лиам Хемсворт.

Синглот, во кој што се воздигнува љубовта кон себе, веќе руши рекорди на светските музички листи, само десетина дена по објавувањето.

Мајли не ги потврдува, ниту ги негира коментарите од фановите, што уште повеќе ја подгрева дискусијата околу песната.

Сајрус и Хемсворт прв пат се сретнаа додека го снимаа филмот The Last Song во 2010 година. Беа заедно неколку години и важеа за пар кој има турбулентна врска. Стапија во брак во 2018, за да се разведат за помалку од една година.

Еве зошто фановите шпекулираат:

– Синглот излезе на 13 јануари, односно на роденденот на Хемсворт.

– Според фановите песната од Бруно Марс, When I Was Your Man, била посветена на Мајли, а заслужен за тоа бил поранешниот сопруг. Наводно Лиам ова го направил по повод нивната прв свршувачка во 2013 година.

– Спорните стихови се дека во оригиналот љубовникот сака да и купи цвеќиња на саканата и да и ја држи раката, додека во Flowers Мајли пее дека сама може да си купи цвеќе.

– Почетните стихови во хитот на Сајрус велат дека домот што двајцата го изградиле изгорел, што навистина се случило во 2018, кога куќата на парот несреќно изгорела до темел.

– Мајли еднаш и самата потврди дека тоа што се случило со нивниот дом во Малибу придонело двојката да стапи во брак.

За сите оние кои досега на го видеа записот за Flowers, погледнете во продолжение.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...