Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Date:

Македонија ја доби првата жена претседател во своето постоење откако универзитетската професорка Гордана Сиљановска Давкова го вториот круг на претседателските избори поддржана од ВМРО-ДПМНЕ со двојно повеќе гласови го победи актуелниот претседател.

Двајцата се соочија и во 2019 година, но тогаш Пендаровски беше поуспешен и победи со над 57.000 гласови.

„Има ли поголема промена од таа, за прв пат во оваа држава, жена да стане претседател? Има ли поголема инспирација за умните жени? Нема.
Мислам дека со мене, држете ме за збор, кога ќе се опкружам со жени слични на мене, жени по моделот на Вацлав Хавел: свои, стамени, субверзивни, кои можат да искажат став и да го бранат, тоа е за мене реформски чекор“, рече Сиљановска Давкова на прес-конференција вечерта по изборите на 8 мај.

Во кампањата, Сиљановска велеше дека придавката „Северна“ нема да ја користи, но ќе стои пред табла со новото уставно име. Воедно, таа имаше изјавено и дека е против уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, но ако Собранието донесе таква одлука, ќе ја почитува бидејќи Собранието е уставотворен орган. Порачуваше дека треба да ги почитуваме темелните вредности на нашиот уставен поредок, а Преспанскиот договор за неа е политички и правно отворено прашање.

„Ама и во какви било односи кон надвор со држави поголеми од нас, па и со сојузи како што е ЕУ, ние вистинските европјани, имаме обврска да потсетуваме на темелните вредности, оти без нив нема ниту демократија, ниту просперитет, ниту мир. Не се оди во Европа со реторика ЕУ, НАТО, НАТО ЕУ. Не, туку со почитување на вредностите и со практикување на вредностите само ако станеме нормална, стандардна држава, ќе бидеме во рамките на ЕУ“, велеше Давкова.

Сиљановска Давкова е родена на 11 мај 1953 година во Охрид. Таа е македонски универзитетски професор, правник, и собраниски пратеник во претходните четири години.

Во нејзината биографија стои дека основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

Сиљановска Давкова за првпат влезе во политиката како предлог на ЛДП и беше министерка без ресор во првата влада на Бранко Црвенковски кој беше премиер од 1992 до 1994 година.

Во 2004 и 2005 година, беше активна во настапите против Законот за територијална организација, во 2017 година, беше гласна против Законот за употреба на јазиците, со кој албанскиот јазик стана втор службен јазик во Македонија. На парламентарните избори во 2020 година, Сиљановска-Давкова беше носителка на кандидатска листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во првата изборна единица. Од август 2020 година досега беше пратеничка во Собранието.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...