Кошаркарите на Пелистер одиграа храбро, но Реџо Емилија беше поквалитетен противник 

Date:

Кошаркарите на Пелистер се елиминирани од квалификациите за Лигата на Шампионите откако попладнево во квалитетен дуел загубија од Реџо Емилија со резултат 99:87. „Пелистерци“ и покрај проблемите и неиграњето на двете американски засилувања се прикажаа во добро светло, храбро парираа на противникот на долги периоди, но сепак немаа сила за сензација на почетокот од турнирот што се одржува во Самоков, Бугарија.

Дуелот беше израмнет само во првите неколку минути, а Пелистер единственото водство го имаше кога Си-Џеј Вилсон погоди тројка за 5:4, по што следеше рафална стрелба на италијанскиот тим. Кошаркарите на Реџо Емилија погодија шест тројки од првите седум обиди од далечина, поведувајќи со 26:15, по што тренерот Даскаловски побара тајмаут.

Пелистер подобро ја заврши четвртината што финишираше со 31:23, а потоа „пелистерци“ на стартот од вториот период намалија и на 31:27, но следеше нова серија на противинкот кој експресно ја врати позитивата на двоцифрена разлика.

Штета што на помалку од две минути пред крајот на полувремето, при резултат 52-42 обидот за тројка на Крстевски се вртеше околу обрачот и излезе од него, потоа следеа и две промашени слободни фрлања на „зелено-белите“, нешто што тимот на Реџо Емилија знаеше да го искористи и на одмор замина со убедливи 58:42.

Битолчани покажаа фантастичен карактер, не предавајќи се, во третиот период заиграа подобро во одбраната, влегоа и во серија прецизни шутеви од далечина, па со тројките на Малешевиќ и на Стајиќ ја намалија разликата под 10 поени (66-57). За момент разултатот се спушти на „минус седум“ (66-59), Пелистер беше и повеќе од достоен ривал во овој период од мечот, а кога Реџо Емилија поведе со 70-60, тренерот Даскаловски реши да побара тајмаут.

Во последните минути од четвртината Пелистер не реализираше четири слободни фрлања со кои можеше посериозно да се одлепи, па во четвртиот период се влезе со водство на италијанскиот претставник од 74:62.

Реџо Емилија влезе во мини-серија на стартот од четвртата четвртина, практично го реши прашањето на победникот. „Пелистерци“ не се откажаа, одиграа храбро до самиот крај, не дозволувајќи разликата да стане нереално убедлива. Со максимална фокусираност до самиот крај, овој меч заврши со коечни 99:87, заслужена победа на Реџо Емилија, но и едно сосема квалитетно издание на „пелистерци“.

Брејси Дејвис беше прв стрелец на Пелистер со 20 поени, Вилсон реализираше 18 поени и 5 асистенции, Малешевиќ имаше 15 поени, додека Митревски и Стајиќ реализираа по 11 поени за македонскиот претставник.

Пелистер и покрај денешниот пораз ќе продолжи да биде дел од европските натпреварувања, и тоа во групната фаза од ФИБА Купот во која за противници ќе ги има Цедевита јуниор од Хрватска, Патриоти Левице од Словачка и Керавнос од Кипар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Вардар и Шкендија ги дознаа можните противници за 3.коло во Конференциската лига

По елиминацијата на Вардар од Лигата на шампионите, македонскиот...

ФИФА ќе го истражи скандалот по завршување на финалето, ќе има жестоки казни за Аргентинците

Поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство тешко...

ИЗБОР НА ЗНАЧАЈНИ ТРУДОВИ ОД РАЗЛИЧНИ ОБЛАСТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (61)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата...

Пановски за “криењето” на резултатите за Гостивар: Во интерес на истрагата може да умре пациент

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи упати...