Кошаркарите на Партизан поведоа со 2-0 во финалната серија до три победи во годинешното издание на регионалната АБА лига против Црвена ѕвезда, откако на вториот натпревар на својот паркет во „Штарк Арена“ славеа со 87:78.
Иако Црвена звезда одигра подобар натпревар од пред два дена, играчите на Партизан беа концентрирани кога се „кршеше“ резултатот. Играчите на Жељко Обрадовиќ ги казнија сите нереализирани обиди на гостите, беа поагресивни во одбраната и првата шанса за освојување на титулата ќе ја имаат в недела, но овојпат на гостински терен во салата „Александар Николиќ“ каде домаќин ќе биде Црвена ѕвезда.
Мечот беше резултатски израмнет и ниеден од двата тиме не оствари почувствително водство, па на полувреме се замина со 44:44, а потоа со „тројката“ на Џејмс Нанали, Партизан се одлепи на шест поени преност.
Лука Вилдоза погоди „тројка“ за надеж на „црвено-белите“ за 78:74, но потоа Митровиќ имаше две грешки во нападот, а тоа Партизан жестоко го казни. Повторно, кобен беше Нанали со удар за три поена.
Нанали и Смаилагиќ постигнаа по 15 поени во победничкиот тим, а Недовиќ постигна 19 за Ѕвезда.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]