Кортни Кокс доби ѕвезда на Патеката на славните, пријателките од „Friends“ ѝ дадоа поддршка

Date:

Актерката Кортни Кокс ја сподели радоста со своите пријателки од популарната серија „Friends“, Џенифер Анистон и Лиса Кудроу на Патеката на славните во Холивуд, каде ја доби својата ѕвезда помеѓу историските холивудски имиња. На церемонијата двете долгогодишни пријателки на Кортни зборуваа за нивниот сестрински однос и професионалната соработка низ годините.

По завршувањето на церемонијата, 58-годишната актерка изјави за „Пипл“, дека слушајќи го говорот на своите две колешки, се чувствувала прекрасно.

„Тие се прекрасни пријателки, тие ми се како дел од семејство, затоа се чувствував многу пријатно, тие се мои сестри“, изјавила Кортни Кокс за „Пипл“.

Во текот на својот говор, Кортни им се заблагодари на Џенифер, Лиса и Лора Дерн, која, исто така, зборуваше на церемонијата.

„Многу ве сакам сите и се радувам што сте тука за мене, исто како што сте секогаш со мене и приватно“, зборуваше Корти за своите пријателки.

На својот заеднички говор Џенифер Анистон и Лиса Кудроу, ѝ оддадоа почит на својата долгогодишна колешка Кортни Кокс.

„Почестени сме со денешното присуство и можноста да зборуваме за тебе, како колешка, пријателка, сестра. Тоа е така од кога се познаваме, а тоа е многу долго време. Да бидеш пријателка со Кортни е исто како да е дел од твоето семејство. Таа е таква од првиот ден кога се запознавме, емотивна, сочувствителна, топла“, изјави Џенифер Анистон.

Триото, Кортни, Џенифер и Лиса претходно се реобединија заедно со останатите актери од серијата „Friends“, Метју Пери, Мет Лебланк и Дејвид Швимер, за специјалното издание на „Ејџ-би-о“ посветено на нивното реобединување во мај минатата година. Тие ја почнаа својата професионална соработка во десетгодишната хит-серија на „Ен-би-си“, од 1994 до 2004.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на...

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд...

Австралијка роди „туѓо“ дете, клиниката за вештачко оплодување ги измешала ембрионите

Жена од Австралија родила бебе кое се развило од...

Казни до 10 илјади евра ако трговците не ги објават цените на производите на интернет

Ниту еден трговец не се пожалил од правилникот за...