Реалити ѕвездата Кортни Кардашијан (44) и нејзиниот сопруг, музичарот Тревис Баркер (47) го добија своето прво дете. Како што пренесува „Пипл“, момчето се родило во саботата.
Славната двојка две години се обидуваше да забремени, а Кортни неколку пати помина и на вештачко оплодување. Сепак, таа остана бремена дури кога ги прекина третманите со ИВФ.
Таа во септември оваа година ненадејно заврши во болница, а подоцна откри дека морала да оди на итна операција за да го спаси бебето.

Само неколку дена пред раѓањето, Тревис во еден подкаст изјави дека тој и Кортни планираат да го именуваат својот син Роки 13 Баркер. Исто така, музичарот потврди дека датумот на породување на неговата сопруга се совпаѓа со Ноќта на вештерките.
Инаку, ова е четврто дете на Кортни. Таа има три деца со поранешниот партнер Скот Дисик, синовите Мејсон и Рејн и ќерката Пенелопе. Тревис има две деца од претходниот брак, синот Лендон и ќерката Алабама и е очув на Атиани Де Ла Хоја, која неговата поранешна сопруга ја имаше во првиот брак.