Користењето на приватниот телефон додека сме на работа го намалува стресот, покажаа последните истражувања од Мелбурн

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Отворање на социјалните мрежи на приватниот телефон, резервирање летови, дури и испраќање брз одговор, сето тоа обично не е поврзано со работата што треба да ја работите на вашето работно место.

Некои компании ги гледаат приватните телефони како одвлекување на вниманието од работата, па голем дел од нив ги принудуваат работниците да ги остават во шкаф пред да влезат во канцеларија.

Но, таквите забрани би можеле да бидат контрапродуктивни, според австралиските и ирските научници, кои велат дека користењето приватни телефони на работното место не влијае врз продуктивноста, па дури и може да го намали стресот.

Тим од Универзитетот во Галовеј и Универзитетот во Мелбурн помина една година следејќи 40 вработени во фармацевтска компанија на кои им било дозволено да користат приватни телефони.

Тимот ги споредил овие резултати со резултатите на друга група субјекти на кои не им било дозволено да ги користат своите телефони додека се на работа.

Истражувачите откриле дека оние што користеле приватни телефони немале полоши работни перформанси од колегите што не ги користеле и дека проблемите кои произлегуваат од преклопувањето на работата и приватниот живот биле намалени кога била укината забраната за користење приватни паметни телефони на работното место.

Работниците што биле анкетирани претходно се пожалиле на рестриктивниот пристап на компанијата кон личната употреба на телефоните, кој датира од 90-тите, велејќи дека се чувствуваат исклучени. Тие биле поддржани од некои членови на менаџерскиот тим кои го оцениле ограничувањето на телефонот како технофобично и неусогласено со правилата во другите филијали на истата компанија.

– Менаџерите треба да ги разберат несаканите последици од ваквата присилна забрана за приватните телефони – вели Еоин Вилан од Универзитетот во Галовеј.

Спречувањето на употребата на телефонот на работното место може да го зголеми конфликтот помеѓу работата и животот, што пак има значителни импликации врз самата работа, задоволството од работата, отсуството од работа и целокупната благосостојба, додаде Вилан.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доминантна победа на Алкалоид во Италија за чекор кон четвртфинале во Европскиот куп

Ракометарите на Алкалоид со една нога веќе се во...

И Атлетико киксираше, Барселона има можност да го преземе врвот во Примера

По Реал Мадрид и Атлетико Мадрид не успеа да...

Кирјос се огласи за спогодбата меѓу Синер и Светската анти-допинг агенција

Ник Кирјос беше најголем критичар на Јаник Синер во...

Рaванија

Состојки5 јајца10 лажици шеќер1 ванила5 лажици врела вода10 лажици...