Конфликт меѓу Израел и Хамас – 297 ден. Се стравува од ескалација на конфликтот на израелско-либанската граница по ракетниот напад на Голанската висорамнина. Израел тврди дека Хезболах е одговорен за нападот и најавува одмазда. Во исто време, Хезболах ја негираше одговорноста и превентивно се повлече од јужен Либан во очекување на израелски напад.
Велика Британија го осудува нападот, а Макрон вели дека Франција е посветена да спречи нова ескалација на конфликтот.
Хезболах ја отфрла одговорноста за ракетниот напад врз село во Голанската висорамнина, додека Израел и САД тврдат дека нападот, во кој загинаа 12 лица, го извршила милитантната група. Нападот го осуди и Велика Британија.
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека на состанокот на Воениот кабинет, премиерот и министерот за одбрана добиле овластување да одлучат за начинот и времето на одговорот на Израел на нападот на селото на Голанската висорамнина.
Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и рече дека Франција е посветена да спречи нова ескалација на конфликтот во регионот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција може да влезе во Израел за да им даде поддршка на Палестинците, иако не прецизираше за каква интервенција може да се работи.
Обединетите нации повикаа на воздржаност на либанско-израелската граница.
Иран го предупреди Израел да не влегува во, како што рече, „нова авантура“ во Либан, се вели во соопштението на портпаролот на тамошното Министерство за надворешни работи, Насер Канани.
Хезболах е во состојба на готовност, изјавија за Ројтерс два безбедносни извори. Тие додаваат дека Хезболах превентивно се повлече од клучните локации на југот на Либан и во источната долина Бека, очекувајќи израелски напад.
Најмалку 39.324 Палестинци се убиени, а 90.830 се повредени во Газа од 7 октомври, според Министерството за здравство на Газа.
Израелските тенковски сили напредуваа подлабоко во јужниот дел на Појасот Газа, додека борбите со борците на Хамас продолжуваат.