Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос нема да настапи на турнирите во Индијан Велс и Мајами поради повреда на коленото.
Кирјос го пропушти и првиот гренслем-турнир во сезоната, Австралијан опен, по што направи операција на коленото и рехабилитацијата се движи во добар правец.
Австралискиот тенисер, сепак, не сака да ризикува додека не биде 100 отсто подготвен за настап, па затоа реши да ги пропушти турнирите во Мајами и Индијан Велс.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]


