Годината не започна најдобро за еден од најдобрите австралиски тенисери, Ник Кирјиос. Имено, тој заради повреда го пропушти Австралија опен, а потоа мораше и на суд.
Кирјоис во судот во Канбера доби ослободителна пресуда од обвинението за семејно насилство, иако претходно во текот на процесот призна вина за инцидентот што се случи во 2021 година кога ја нападна својата поранешна девојка Кјара Пасари.
Обвинението против тенисерот е отфрлено, откако судот процени дека станува збор за „помал инцидент“.
Кирјиос најави дека планира да продолжи со процесот на рехабилитација по повредата поради која се повлече од настап на неодамнешното издание на Австралија опен.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]


