Конзервативецот Фридрих Мерц е конечно избран за нов канцелар на Германија по второто гласање во Бундестагот, со што се избегна политичка криза во една од најбогатите и најмоќни европски земји.
Партиите од владината коалиција која освои 328 места во 630-члениот Бундестаг, се согласија да му дадат втора шанса на Мерц, откако во првиот круг на гласање тој не ги доби потребните гласови, што претставуваше шок за Германија, Европа и светот.
Во второто гласање „за“ коалициската влада на конзервативците и социјалдемократите гласаа 325 пратеници, девет повеќе од потребното мнозинство.
„Важно е Германија да добие стабилна влада, која ќе може брзо да се фати за работа и да обезбеди силна држава која ќе биде добро раководена“, изјави социјалдемократот Ларс Клигнбеил, кој се очекува да биде новиот вицеканцелар.
Опозициската Алтернатива за Германија истакна дека без оглед на исходот, гласањето за новата влада покажало колку е кревко нејзиното мнозинство, кога дури и пратениците од ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите немаат доверба во новиот канцелар.
Инаку, ова е првпат во историјата на Германија да не биде избран канцелар кој имал обезбедено парламентарно мнозинство.