Тоа е факт – ретко кој маж „напаѓа“ паметна жена. Мажите секогаш одат по помалку паметни жени. Главно затоа што мислат дека на тој начин можат „подобро да ги работат“. Разберете го и буквално и преносно.

„Полесно е да се живее со не толку паметна жена“, храбро споделува И.П., 32 години, кој живее со девојката. Има дете кое жената главно сама го одгледува.
„Нека е убава, не ми треба паметна“, е мислењето на 27-годишниот М.К., кој сака често да ги менува своите девојки, очигледно грижејќи се повеќе за нивниот изглед отколку за нивниот интелектуален потенцијал.

На крајот на краиштата, повеќето мажи тврдат дека сакаат паметни жени, но факт е дека тие бараат наоколу помалку паметни жени. На мажот му е важно дури и ако жената е многу паметна да не го покажува тоа, уште помалку пред другарите.

Мажите исто така не сакаат жени со висок социјален статус. Замислете мажот да се ожени со шефица на голема компанија или со комерцијален директор на меѓународна компанија. Би се чувствувал депресивен, помалку вреден, што секако би се одразило на неговото либидо. Ако жената „расте“ во нејзината работа во текот на бракот, некако пореално е мажот да ја прифати оваа промена. Но, таквите ситуации носат и ризик од развод и разделба.

Вистината е – дури и ако сте попаметни, поспособни од него кога сте заедно – не му укажувајте на тоа, нека се чувствува посигурен во себе. Ќе биде подобро за вашата врска. Во секој случај, не дозволувајте тој да ве „спушти“ или да ве третира вас или вашата позиција или вашата работа како „втора класа“ или да ве третира со презир. Бидете свои и застанете на своето, паметни и убави девојки!