Бугарија нема основ да бара почитување на некакви си права во друга држава, бидејќи таа самата не ги почитува основните човекови права на Македонците. Ова е ставот на Обединетата македонска дијаспора. Еден од основачите, Методија Колоски, кој е во посета на Скопје вели дека тие се борат и ќе продолжат да се борат за зачувување на македонскиот идентитет, култура и јазик и во дијапсората, но и во татковината, пренесува ТВ Алфа.

„Не е убаво од страна на Бугарија да бара од Македонија за исполнување некакви си прав, кога во Бугарија има 14 пресуди против Бугарија од Европскиот суд за човекови права. Македонците во Бугарија се третирани како да не постојат, а нас како идна членка на ЕУ се бараме ние да испочетуваме некакво бугарско малцинство, кое е дефинитивно помалкубројно од макеоднците во Бугарија.“ – Вели претседателот на ОМД, Методија Колоски.

Мето Колоски вели дека Македонија мора да направи повеќе за да ја интегрира дијаспората и да ги искористи конекциите што нашинците ги имаат низ светот. Смета дека институциите кои се задолжени за комуникација со дијаспората често се менуваат и оти мора да се консолидираат.

„Порано се одвиваше повеќе преку пратеници, па министирество за дијаспора, па после агенција, па отворија сектор во МНР. Мислам дека мора да се консолидираат институциите.“ – Смета Колоски.
Обединетата македонска дијаспора утре во Скопје ќе го одбележат крајниот настан од програмата „Родум од Макеоднија“, во чии рамки, млади Македоници доаѓаат во три неделна посета на родните краишта. Програмата пред седум години ја започнал Питер Далас, кој не знаел дека е Македонец, дури не ја посетил Егејска Македонија, каде неговите роднини му појасниле оти не е Грк, туку Македонец.