Популарниот новинар и автор на Вечерното шоу на телевизија Алфа, Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит, е мета на чести напади и шпекулации поврзани со неговиот јавен ангажман. Во поткастот на Плусинфо, Богдан одговара на сите директни и непријатни навреди на кои е изложен. Интервјуто покренува и интересна дебата за Преспанскиот договор и за актуелната тема како кон ова прашање ќе се постави новата влада на Христијан Мицкоски.
Колку повеќе нè негираат, толку повеќе македонскиот супстрат се енергизира, дури и од луѓе кои размислуваат полиберално, либертаријански, поглобалистички. Ниту еден договор не е вечен, па нема да биде ни Преспанскиот.
Ова се двете клучни тези со кои Богдан Илиевски, новинар во ТВ Алфа, познат автор и водител на популарното Вечерно шоу на оваа телевизија, полемизира со уредникот Бранко Героски, во поткастот на Плусинфо.
Долгогодишниот инфлуенсер на социјалните мрежи, познат под никнејмот Бетмен Велит, опстојува на тезата дека Преспанскиот договор го засега македонскиот идентитет.
– Единствена полуда теза од тоа дека ние сме директни потомци на Александар Македонски е тезата дека ние немаме никаква врска со античките Македонци – вели тој.
Илиевски и Героски полемизираат и анализираат како различните погледи на овие прашања се прекршуваат во актуелната политика и како кон нив ќе се постави новата влада на Христијан Мицкоски.
Со Богдан Илиевски разговаравме и за неговата одбрана од обвинувањата на Здружението на новинарите на Македонија дека наводно поттикнал говор на омраза против новинарката Лепа Џундева со својот двозборен коментар „Добро, зошто?“, кој стана и име на еден судски спор во најава.
Бетмен Велит говори и за периодот кога е поттикнувач и активен поддржувач и учесник во студентските протести, подоцна и на протестите против објектот за црква на плоштадот Македонија, а уште подоцна за одбрана на името Македонија, за да кулминира со неговото учество во настаните од 27 април.
Во „распитот“ во поткастот на Плусинфо, Илиевски зборува за својата инволвираност во случајот „27 април“, за тоа дали е терорист и дали имало заговор, за шпекулациите како и со што наводно ја „платил“ амнестијата, како и за повеќе други шпекулации и обвинувања лиферувани на негова сметка – на пример, дека му купиле скап стан од 200.000 евра, плус некаков скап џип и слично.
Интервјуто трае нешто помалку од 2 часа, но вреди да се слушне сведоштвото на овој млад инфлуенсер, за настани за кои и натаму постојат отворени прашања и контроверзи.