Колку е скапо да се живее во Скопје

Date:

Од 142 европски градови, Скопје е на 124 место на ранг листата на високи трошоци за живот, според индексот којшто го објави на почетокот на годината од „Нумбео“, глобална база на податоци што ги мери трошоците за живот во светот. Според индексот за јануари, Љубљана, Атина, Сплит, Солун и Загреб се меѓу најскапите градови во регионот и се рангирани од 76 до 85 место на ранг листата. Потоа следува Тирана на 92 место на најскапи градови во Европа, а зад неа се Белград, Скопје, Сараево, Подгорица, Софија, Букурешт и Будимпешта.

Поевтино за живеење од Скопје е само во Ниш и во Приштина од регионот, додека останатите градови коишто се на дното на листата се претежно во Русија и во Украина.

Индексот на трошоците на животот ги зема предвид трошоците за кирија, другите месечни трошоци освен киријата, индексот на намирници, цените на рестораните и индексот на локалната куповна моќ. Проценетите месечни трошоци за четиричлено семејство во Скопје се 118.653 денари без кирија.Проценетите месечни трошоци за едно лице се 34.557 денари без кирија.Скопје е за 68,4% поевтин од Њујорк (без кирија). Киријата во Скопје е во просек за 92,3% пониска отколку во Њујорк.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Џастин Балдони: Насилството врз жените не е проблем на жените, туку на мажите

Џастин Балдони ја откри причината поради која сакал да...

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...