Колку години затвор му се заканува на Диди доколку биде осуден?

Date:

Шон Диди Комбс моментално го чека судењето за обвиненијата за рекетирање, трговија со луѓе и проституција. Познатиот музички продуцент и рапер, кој во текот на неговата кариера се нарекуваше и П. Диди, Пафи и Паф Деди, беше обвинет во септември оваа година, откако федералните власти покренаа истрага против него. Прашањето што се поставува е – колку време би можел да помине во затвор доколку биде осуден?

Судењето е закажано за 5 мај 2025 година. Поранешниот њујоршки обвинител и кривичен адвокат Пол Калан изјави за „Ју-ес Викли“ (Us Weekly) дека е најверојатно казната ќе биде од „10 до 20 години“ доколку Диди биде осуден.

„Со оглед на сериозноста на обвиненијата, долга затворска казна е речиси неизбежна доколку биде осуден“, рече Калан.

„Ако биде осуден, тој може да очекува да го помине поголемиот дел од својот преостанат живот зад решетки. Федералните обвинители обично успеваат во повеќе од 90 отсто од случаите што ги покренуваат, или преку признавање на вина или осуда по судење“, објаснува тој.

Калан додаде дека обвинителите „претставиле силни докази пред федералните судии дека Комбс може да побегне или да им се заканува на сведоците доколку биде ослободен“.

Инаку, Диди по трет пат се обидува да биде ослободен со кауција од 50 милиони долари, откако судиите веќе двапати го одбиле неговото барање.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

PART OF THE TRUTH ABOUT MACEDONIA IN THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” PART I (1)

Throughout history, numerous authors have served many lies and...

ОСТАНУВАЊЕТО НА ОРБАН НА ВЛАСТ Е ВО ИНТЕРЕС НА САД, КАЖА РУБИО ВО БУДИМПЕШТА

Доналд Трамп е посветен на успехот на Виктор Орбан...

Над 200 евакуирани по поплавите, ДЗС интервенира во повеќе региони

По обилните врнежи што зафатија повеќе делови од државата,...

ЕУ не ги одби камионџиите, засега нема блокади на границите се бара итно преодно решение!

Европската унија не ги отфрли барањата на камионџиите. Стратегија...