Колин Фарел непрепознатлив во новата улога во серијата The Penguin

Date:

Ирскиот актер Колин Фарел целосно го промени својот изглед за снимањето на серијата The Penguin која е продолжение на филмот The Batman.

46-годишниот актер го игра криминалецот Пингвин. Тој беше фотографиран на снимањето во Њујорк со колешката Кристин Милиоти, која ја игра Софија Малконе, ќерката на нарко босот Кармин Фалконе.

„Тоа е еден од тие моменти. Се прашувате: ‘Каков живот сакам?’. Светот не е создаден за ликови како нас. Затоа мораме да земеме сè што мислиме дека е наше“, вели ликот на Фарел во тизерот од снимањето на серијата.

Режисер на серијата е Мет Ривс, а снимањето ќе трае до средината на оваа година. Ќе има осум епизоди и ќе биде објавена на сервисот Max (поранешен HBO Max). Сè уште не е познат точниот датум на почеток на емитувањето.

Во моментов не се познати многу детали ниту за остатокот од актерската екипа. Списанието Deadline минатиот месец објави дека Кленси Браун ја добила улогата на Салваторе Марони.

Фарел претходно во интервју за Variety изјави дека немал поим дека режисерот ќе побара од него да сними серија за Пингвинот.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија одигра уште еден одличен натпревар

Женската репрезентација на Македонија одигра реми со Словенија, 23-23. Нашите...

Верстапен на пол-позиција во Абу Даби

Коцките се фрлени за финалето на сезоната во Формула...

Нуклеарната електрана Запорожје остана без напојување, од Чернобил се шири радијација

Премиерката на Украина, Јулија Свириденко соопшти дека во ноќниот...

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ РЕИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ 

Христијан Мицкоски доби трет мандат од делегатите на 18....