Колапс на јавниот превоз во Скопје, граѓаните солидарно се организираат да стигнат на работа

Date:

Недостигот на гориво за автобусите на ЈСП Скопје го парализира јавниот превоз, оставајќи граѓаните да се снаоѓаат како знаат. Автобусите сообраќаат минимално, а многумина одлучуваат да ги делат своите автомобили со непознати, заеднички стигнувајќи на своите дестинации.

Тие вчера во текот на попладенето се договараа на социјалните мрежи.

„Со часови чекаме на станица. Ова го нема во ниту еден нормален град. Плаќам такси, иако веќе сум си платила за јавен превоз. Кој ќе ми ги врати тие пари?“ револтирано вели една граѓанка.

Од вчера, во сообраќај се само 25 автобуси, додека останатите се паркирани поради недостаток на гориво. Претседателот на Независниот синдикат на возачите, Африм Муча, предупреди дека состојбата е алармантна, со 70% од возилата надвор од употреба. Ако ситуацијата не се подобри денес, се најавува целосен прекин на јавниот превоз.

Град Скопје вината ја префрла на владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи за креирање на криза во јавните претпријатија. Дополнително, поништената набавка на гориво е поврзана со Бирото за јавни набавки, под раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, пак, побара вонредна седница на Советот на Град Скопје. Лидерот Венко Филипче предупреди дека градот е во сериозна криза и повика на итни мерки. Доколку нема решение, СДСМ најави дека ќе го преиспита своето учество во Советот.

Советот на Град Скопје закажа итна седница во обид да се изнајде излез од кризата што сериозно го погодува секојдневниот живот на Скопјани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија У20 поразена од САД на тестот во Бугарија

Репрезентацијата на Македонија до 20 години беше поразена со...

 Реал Мадрид бара од УЕФА да ѝ ги одземе титулите на Барселона!

Познатото досие што Реал Мадрид го подготвуваше во последните...

ПРИСТАП КОН СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ВО СВЕТОТ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Со...

Трамп бара од Израел и Иран веднаш да престанат со нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на итно запирање на...