Американската тенисерка Коко Гоф го освои својот прв грен-слем турнир откако во финалето на УС Опен во два сета ја совлада Арина Сабаленка.

Гоф го направи најголемиот успех во кариерата откако во финалето на УС Опен беше подобра од втората носителка, Сабаленка.

Белоруската тенисерка моќно го почна мечот, го доби првиот сет со 6-2 и се чинеше дека лесно ќе дојде до трофејот, но така не мислеше Коко Гоф.

Американката го доби вториот сет со 6-3 и изедначи на 1-1. Во третиот, решавачки сет беше уште поубедлива, го зема со 6-2 и дојде до историски триумф за неа. Стана шампионка на УС Опен.