Холивуд минатата година ќе ја памети како година на филмскиот феномен „Барбенхајмер“. Од нивните премиери на истиот ден во јули, филмовите „Барби“ и „Опенхајмер“ доминираа на кино благајните, фестивалите и многубројните написи во медиумите.
„Барби“ заработи 1,4 милијарди долари ширум светот, а „Опенхајмер“ достигна нешто помалку од милијарда долари. Но, годишниот извештај за ангажманот на Нетфликс открива нешто, а тоа е дека многу луѓе го поминуваат своето слободно време гледајќи ги филмовите на Адам Сендлер.
Во пресрет на доделувањето на Оскарите кое ќе се одржи оваа недела, „Форбс“ објави листа на најплатени актери.
Десете најплатени холивудски ѕвезди заработија вкупно 449 милиони долари во 2023 година. Тоа се актери речиси исклучиво од големите филмски остварувања, наместо од телевизијата, што е делумно благодарение на долготрајните штрајковите на писателите и актерите кои го затворија Холивуд на половина година и ги одложија или скратија бројните сезони на познатите ТВ серии.
На долг рок, глумењето во филмови кои достигнуваат голем успех во кината останува златниот билет за актерите во Холивуд. За разлика од Нетфликс, кој однапред им плаќа премија на актерите и го откупува нивниот удел во профитот во следните две години, филмските остварувања можат да продолжат да генерираат пари на неодредено време – што значи дека актерите кои споделуваат профит немаат ограничување за тоа колку на крајот можат да заработат.
Во продолжение погледнете ја листата на десетте најплатени актери за 2023 година.
Адам Сендлер – 73 милиони долари
Маргот Роби – 59 милиони долари
Том Круз – 45 милиони долари
Рајан Гослинг – 43 милиони долари
Мет Дејмон – 43 милиони долари
Џенифер Анистон – 42 милиони долари
Леонардо Дикаприо – 41 милион долари
Џејсон Статам – 41 милион долари
Бен Афлек – 38 милиони долари
Дензел Вашингтон – 24 милиони долари



