Кои беа бистри, а кои матни настани во септември 2024

Date:

Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“.

Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции и со текот на времето прерасна во релевантен алтернативен барометар на корупцијата и на волјата на државата да се справува со овој проблем. На овој начин, сите заедно придонесуваме за поголема свест за овој проблем во општеството во целина.


“МАТНИ” НАСТАНИ ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ 2024 ГОДИНА

ДКСК оформила 65 предмети за повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата во врска со изборната кампања 2024 – Во периодот на изборниот процес Државната Комисија за спречување на корупција оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата, предмети оформени по сопствена иницијатива на Комисијата, како и приговор поднесен од организатор на изборна кампања.

ДЗР утврди низа неправилности во финансиското работење на Универзитетската клиника за неврологија – Државниот завод за ревизија во својот конечен извештај финансиското работење во 2023 година на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за неврологија изрази неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и резервирано мислење за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива. Во дел од спроведените постапки за јавни набавки била констатирана несоодветна примена на Законот за јавни набавки.

Недоследности во управувањето со буџетските средства и судските депозити, нотираа ревизорите – Ревизорскиот извештај за финансиското работење на Основниот граѓански суд Скопје за 2023 година открива сериозни системски слабости и недоследности во управувањето со буџетските средства и судските депозити. Според наодите, Судската власт не го добива законски утврдениот процент од буџетот на државата, а дел од финансиските документи не се комплетни или се застарени. Дополнително, ревизорите откриле недостиг на веродостојни сметководствени документи за недвижностите во кои е сместен судот, како и договор за закуп на деловна просторија од 1989 година, кој не е ажуриран со новиот валутен режим. Ревизијата исто така укажува на проблеми со судските депозити, кои датираат од периодот 2005-2023 година, а нивниот статус не е правилно утврден. Ова го отвора прашањето за транспарентноста и управувањето со судските средства.

Истражување на ЦГК: На тендерите често има корупција, најмногу поради политички интереси и поткуп – Анализите на Центарот за граѓански комуникации велат дека најголем дел од лицата вклучени во јавните набавки во институциите или 56 отсто сметаат дека фирмите се поголеми генератори на корупција отколку институциите и вработените во нив, а 16 отсто сметаат дека двете страни ја генерираат корупцијата. Во постапката за јавни набавки во државните институции често има корупција, велат лицата задолжени за јавни набавки во институциите за спроведување на овие постапки. Таа е најприсутна како последица на политики интереси, но и во форма на поткуп. Поголем генератор на корупција се фирмите што се пријавуваат на тендерите отколку луѓето во институциите. Ова го покажуваат податоците од Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки, објавен од Центарот за граѓански комуникации.

13 граѓански организации бараат измени во Законот за урбанистичко планирање – До пратениците во Собранието О2 иницијатива и 12 други граѓански организации доставија предлог закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, во насока на зголемување на транспарентноста на постапката на донесување на урбанистички планови и одобрување на урбанистички проекти со цел зголемено и навремено учество на јавноста, Советот на општината и со тоа намалување на ризиците од корупција.

“БИСТРИ” НАСТАНИ ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ 2024 ГОДИНА

Oтворена предистрага за судијата Eљведин Ферати, кој со пречкртување си поправал оценки на тетовскиот универзитет – За судијата Ељведин Ферати од Основниот суд Тетово е отворена предистрага, откако Државниот просветен инспекторат утврдил дека си ги поправил оценките по право на Тетовскиот државен универзитет, со пречкртување. Предистрагата ја води Скопското јавно обвинителство. „ОЈО Скопје постапува по доставено известување од Државниот просветен инспекторат и презема дејствија во предистражна постапка со цел да ги испита сите околности“, вели Обвинителството. Случајот го откри Антикорупциската комисија лани во декември, во рамки на големата ревизија со која се пребројуваа факултети и дипломирани студенти на кои им биле давани дипломи со недоволен број кредити.

По иницијатива на ДКСК, ОЈО Скопје почна постапка против поранешниот организациски директор на Клиниката за токсикологија – Државната комисија за спречување на корупцијата денеска соопшти дека Основното јавно обвинителство Скопје, по поднесената иницијатива од страна на ДКСК за кривично гонење, ја прифатило иницијативата, оформило предмет и отпочнало постапка по обвинителен предлог против организацискиот директор на Универзитетската клиника за токсикологија. Согласно Обвинителниот предлог, се појаснува во соопштението, обвинетата е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувањата, согласно член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Врховниот суд со измени на Деловникот ги отвори општите седници за јавноста и медиумите – „Предложените измени се засноваат на уставните и законските начела за јавност на судството, највисоките меѓународни правни норми интегрирани во домашното законодавство, принципите на Европската конвенција за заштита на човековите права и стандардите на Европскиот суд за човековите права, меѓународните документи од областа на судството и заложбите и активностите на Советот за отворено судство“, рече претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми образложувајќи ги измените. Во Врховниот суд се одржа Општа седница со единствена точка на дневен ред – предлог за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ќерката на Брус Вилис објави фотографии со својот татко: „Многу го сакам овој човек“

Ќерката на Брус Вилис, Талула Вилис, на социјалните мрежи...

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...